Настани 992779_10200937166604440_1190564358_n

24 јули, 2013

По вечера во чаршија со брод на настап – вака ќе започне „SUNRISE SUMMER FESTIVAL’’

Метју Декеј, Фанкермен, Мелисија и Брансел бараат да вечераат риба во Охридската чаршија, па со брод директно на настап до плажа Немо. Плажата Санрајз во склоп на комплексот плажи Немо на големо се подготвува за викендот кој следува – „SUNRISE SUMMER WEEKEND FESTIVAL’’. Најголемиот настан за летото е на 27-ми јули со Санрајз Самр Фестивалот, хепенингот со најбогата програма оваа сезона во Македонија, каде гости се легендите на електронската музика – холандските супер стар диџеи MATTHEW DEKAY и FUNKERMAN, од Израел транс дуото MELICIA како и швајцарскиот транс артист BRAINCELL. Фестивалот ќе се одржи на две сцени, ќе има одлично озвучување, светлосни ефекти, ласери, проекции, како и пена моменти.

Главна сцена:
MATTHEW DEKAY NL (Space Ibiza)
FUNKERMAN (FLAMINGO RECORDS IBIZA)
Babura
Bobi
Dare
Транс сцена:
MELICIA – (Israel)
BRAINCELL – (Norway)
Soundkillah
Dejan Doggy

На фестивалот, за своите настапи диџеите ќе пристигнат со брод, а пред истите побараа да ја пробаат далеку прочуената охридска пастрмка во автентичен амбиент. Почетокот на фестивалот е во 22:00 часот, а влезниците се веќе во предпродажба по супер промотивна цена од 400 денари почнувајќи од 15 јули, додека пак од 26-27 јули по цена од 450 денари на следниве места: ЈУГОТОН, Салоните на ОНЕ ширум републиката и дистрибутивната мрежа купи карта за се!!!

Покрај вечерните забави САНРАЈЗ исто така планира и богата дневна програма за викендов, каде што од 25-ти  до 28-ми јули за првпат во Охрид ќе се одржи „Фестивал на коктели’’, а покрај најразновидни коктели ќе има и богата музичка програма.



Врати се горе ↑