Галерија BAT_9341 copy

23 јуни, 2014

По успешно одржаниот прв фестивал, Кратовските златни денови преминуваат во традиција

Настапите на локалните бендови, на романтичниот Алекса, на многу млади диџеи од регионот, потпевнувањето на Доктори и Тамара додека го истражуваа Кратово, беа звуците кои на Кратовчани и посетителите во текот на денот им претставуваа мевлем за уши.

Во вечерните часови, Европскиот фестивал во тамбури и уште еден одличен настап на Доктори, надополнет со извонредните Оџила го одбележаа вториот фестивалски ден на Златните кратовски денови 2014.

Публиката уживаше во одличните настапи на тамбурите кои од целиот Балкан пристигнаа во Кратово. По нив со својот втор настап Доктори и Тамара покажаа дека се вистински ѕвезди во Македонија. Уживајќи во атмосферата која ја приреди публиката, ѕвездите од Х Фактор посакаа да имаат уште многу вакви настапи во Републиката и да се дружат со нивните фанови во земјава.

Составот Оџила пак, со својата енергија и харизма ја надополнија оваа одлична вечер под отворено небо во еден од најубавите градови во државата. Забавата продолжи на базенот, каде диџеј Шорти Пи а.к.а Панчо ја забавуваше публиката до раните утрински часови.

Последниот фестивалски ден, наменет за најмладите даде одличен завршеток на Златниот Кратовски викенд. Златните славејчиња ги исполнија своите најголеми хитови, а најмладите се забавуваа и пееја во еден глас со најпознатите детски ѕвезди.

„Златните Кратовски Денови ја постигнаа целта за која и беа организирани – да донесат одлични артисти во градот кој навистина плени со својата убавина и традиција, а тие да приредат забава за сите посетители. Со оваа манифестација Кратово доживеа културна ренесанса“, изјави Кристина Петровска, соработник за култура од Општина Кратово.

Со најава дека оваа манифестација ќе прејде во традиција, општината и жителите, задоволно констатираа дека Кратово полека но сигурно го враќа својот препознатлив, златен сјај. Повеќе фотографии од манифестацијата можете да погледнете во галеријата во продолжение.



Врати се горе ↑