16 декември, 2012

„По свое правило“ е новиот видео запис на „Офсајд“

Tетовскиот рок состав „Офсајд“ (Offside) деновиве го промовираше нивниот прв видео запис за нивниот сингл „По свое правило“. Музиката и аранжманот ги потпишуваат членовите на бендот, а текстот е на Милан Миланов, продукцијата е на Гоце Симоноски, додека спотот го изработи Тоше Јанев – Јанус.

„Офсајд“ е составен од: Дамир Ибраимоски – тапани и вокал, Михајло Војтикив – бас, Владимир Ивановски – гитара и придружен вокал, Јован Василевски – клавијатура и придружен вокал и Дамир Пух – гитара.



Врати се горе ↑