Видео

30 октомври, 2018

По стапките на вујко си Тоше: Кристијан Ристески дебитира со „We Are Blood“

„We Are Blood“ е насловот на првиот официјален сингл на младиот Кристијан Ристески, кој ќе се најде на новиот постхумен албум од неговиот славен вујко Тоше Проески, чија промоција е закажана за в петок, 2 ноември, на големиот концерт во чест на легендарниот пејач. Музиката и аранжманот ги создаде тимот на англискиот продуцент Енди Рајт, во чие студио и се снимаше целиот материјал на англиски јазик на Тоше, а стиховите заеднички ги потпишуваат Енди и Кристијан.

 

Ристески новата песна премиерно ќе ја отпее во живо токму на претстојниот концерт, во чии рамки ќе настапат и голем број пејачи од Македонија и Балканот, меѓу кои: Каролина Гочева, Тијана Дапчевиќ, Тамара Тодевска, Антонија Гиговска, Александар Тарабунов, Даниел Кајмакоски, Наум Петрески, Александра Јанева, Борис Новковиќ, Владо Калембер, Бојан Маровиќ, Александра Радовиќ и многу други.

Инаку, Кристијан во моментов е студент на академијата за аудиовизуелни уметности ЕСРА, на отсекот за вокална интерпретација, а свири и на повеќе инструменти. Неговиот талент за музика го забележавме на емотивниот дует со вујко си, „My Little One“, кој се најде на првиот постхумен албум на Тоше, а како звучи првенчето на Кристијан дознајте во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑