Свет

8 септември, 2018

По осум месеци откриена е причината за смртта на пејачката Долорес О’Риордан

Иако многумина веруваа дека познатата пејачка Долорес О’Риордан од групата  „Кренберис“ изврши самоубиство, бидејќи долго време била во депресија и страдала од биполарно нарушување, официјалниот извшетај ги демантираше овие информации.

Поминаа осум месеци откако пејачката Долорес беше пронајдена мртва во хотелска соба. Истрагата  во Лондон покажа дека причина за смртта на пејачката е давење во када предизвикано од алкохол.

„На нејзиното тело не се пронајдени никакви траги кои покажуваат дека извршила самоубиство“, пишува во извештајот, како и дека покрај кадата било пронајдено шише со шампањ и пет мали шишенца со алкохол, но и таблети. Резултатите од анализата откриле дека во крвта имала повеќе од четири пати над дозволена граница за алкохол.

Резултатите беа објавени на 6 септември, денот кога ќе го прославеше својот 47. роденден.



Врати се горе ↑