Видео

17 ноември, 2018

По „Макарена“ и „Гангнам стајл“ доаѓа… „Скибиди“?!

Иако најчесто завршуваат како „чудо од еден хит“, повеќе музичари ширум светот успеале да добијат вирален хит со едноставна и заразна мелодија, дополнета со уште поедноставен танц. Така во деведесеттите сите танцувавме на „Макарена“, а не толку одамна сите полудеа по јужнокорејската сензација „Гангнам стајл“… сега се чини дека најновата зараза доаѓа од Русија!

Имено, рејв-бендот „Литл биг“ од Санкт Петерсбург е на добар пат да го зарази светот со „Skibidi“, а како и претходно споменатите вирални хитови, има разиграно видео со мошне едноставна рутина. „Приказната“ го следи Илија Прусикин како танцува низ град, а од некоја причина тука е и Годзила…

За нешто повеќе од месец дена видеото собра над 67 милиони прегледи на Јутјуб, а доколку не сте го погледнале досега, тоа можете да го направите во продолжение.



Врати се горе ↑