Македонија Тајзи Хуманитарен 2

9 јули, 2014

По хуманитарниот концерт во Куманово, Тајзи продолжува со летната турнеја

Изминатиот викенд  Тајзи го преполни Центарот за култура во Куманово. Повод- хуманитарен собир со негов концерт на кој беа собрани над 100.000 денари за лекување на Ивана Величковска која боледува од леукемија. На настапот Тајзи упати и апел до сите негови сограѓани и пошироко, доколку се во можност да донираат и со вртење на бројот 143 144 на Т-Мобиле и 143 772 на операторот ВИП.

По Куманово, Тајзи ја продолжува неговата концертна турнеја со следниот настап овој викенд, во Аква Парк-Пробиштип. Летово ќе биде доста активно за овој артист, а до сега закажни се негови гостувања во Охрид, Струмица, Претор, Дојран и други. Очекувајте го Тајзи и во Вашиот град!

 



Врати се горе ↑