Свет 100312_psy_highcut3-e1364844245468

5 април, 2013

По „Гангнам Стајл“ следи „Џентлмен“

Подгответе се за уште еден хит од корејската сензација Псај! По планетарно популарниот хит „Гангнам Стајл“, раперот наскоро ќе го претстави новиот сингл насловен „Џентлмен“, кој ќе го чуеме на 12-ти април, а еден ден подоцна, на 13-ти е закажан големиот концерт во Сеул, за кој е најавено дека ќе биде пренесуван во живо на сервисот ЈуТјуб. На тој настан раперот во живо ќе го претстави новиот сингл, оригинално насловен „Assarabia“, но бидејќи насловот би можел да предизвика незадоволство кај Арапите, бил преименуван во „Gentleman“.

„Новата песна е екстремно забавна“ – изјавил 35-годишниот Псај за корејска тв станица, додавајќи: „Не би можел да зборувам за танцот, но сите Корејци го знаат, а останатите од другите земји не го виделе до сега.“ И во овој видео запис ќе гостуваат едни од најпознатите личности во Јужна Кореја, како што беше случајот и со претходниот популарен хит, но за остатокот од светот тие лица се (за сега) непознати.

Нам ни останува да почекаме и да видиме дали и овој сингл ќе го повтори успехот на „Гангнам Стајл“, кој сè уште е најгледаниот видео запис на интернет со преку 1.49 милијади прегледи.

 



Врати се горе ↑