Настани 78b6755b-ceab-42ef-85cd-2dfecce65e02

14 декември, 2016

По Црна Гора и Романија, тимот на „Егзит“ со нов фестивал и во Хрватска

Почнува големата новогодишна акција, 1 влезница = 4 фестивали!

По повеќегодишниот ангажман за регионално поврзување, како и успешните фестивали во Црна Гора и Романија, тимот на „Егзит“ следното лето стигнува и во Истра! Тимот кој стои зад четири награди за најдобри европски фестивали, следната година ќе поврзе четири фестивали во регионот во единственото „Егзит лето на љубовта 2017“, а во големата новогодишна акција „1 влезница = 4 фестивали“, со купена влезница за EXIT, влезниците за останатите три фестивали стигнуваат на подарок!

Прв во низата фестивали е „Си стар“ (Sea Star), новиот фестивал во Истра кој на 26 и 27 мај ќе се одржи во туристичкиот комплекс во Умаг – „Стела Марис“ (Stella Maris)! Веќе е познат дел од програмата на главната бина која првата ноќ ја предводи еден од најпопуларните светски бендови „Продиџи“ (The Prodigy), во рамките на турнејата во која годинава го одржаа еден од најдобрите концерти на „Егзи“ досега, а потврдени се и милениците на регионалната публика, култните „Дубиоза колектив“, како и истарските домаќини „Урбан енд фор“ (Urban&4).

d239825f-7d03-416b-8725-2bfdec4b4b80

Новиот фестивалски бисер на Медитеранот ќе претстави неколку десетици најзначајни имиња од светската и регионалната музичка сцена на шест различни бини, а покрај двата главни фестивалски дена посетителите во туристичкиот комплекс „Стела Марис“ ги очекува и големата журка за загревање во четврток, 25 мај, како и журка за оние најиздржливите во недела, 27 мај! Следниот фестивал во низата, романскиот фестивал „Револушн“ (Revolution), номиниран е дури во две категории за Европските фестивалски награди, за Најдобар нов и Најдобар мал фестивал во 2016 година. Третото по ред издание на фестивалот во Темишвар ќе ги отвори своите капии на 2 и 3 јуни и како и претходните години ќе ги претстави музичарите од целиот свет, а првите најави на изведувачите се очекуваат после празниците.

 

Веднаш по фестивалот „Егзит“, кој се одржува од 6 до 9 јули на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, Егзит свантурата како и претходните години продолжува со ново, веќе четврто издание на фестивалот „Си денс“ (Sea Dance), кој следната година ќе се одржи од 13 до 15 јули! Новото издание ќе донесе бројни иновации во продукцијата и промоцијата, а тимот на „Егзит“ за следната година ги здружи силите со водечките продуценти од Ибица и Велика Британија заслужни за популарните фестивали како што се „Ени Мак призентс лост енд фаун“ (Annie Mac presents Lost and Found) од Малта, „Хајдаут“ (Hideout) на Зрќе, британскиот „Парклајф“ (Parklife) и култниот „Верхаус проџект“ (The Warehouse Project) во Манчестер. Во Будва доаѓа и дел од тимот на „Кендал колинг“ (Kendal Calling), кој е всушност прогласен за еден од најдобрите британски фестивали во категоријата до 40.000 посетители! На настаните кои овој тим ги работи во Шпанија, Малта и Хрватска, годишно патуваат преку 30.000 посетители само од Велика Британија, но и неколку десетици илјади туристи од целиот свет.

По овој повод, „Егзит“ денеска ја покренува и најголемата новогодишна акција од своето постоење! Само за време на претстојните празници, во акцијата „1 влезница = 4 фестивали“, сите веќе постоечки и идни купувачи на влезниците за „Егзит“ по цена од 3.580 денари, добиваат на подарок и влезници за преостанатите три фестивали на „Лето на љубовта 2017“, за фестивалот „Си стар“ во Хрватска (26 и 27 мај), фестивалот  „Револушн“ во Романија (2 и 3 јуни), како и фестивалот „Си денс“ во Црна Гора (13 и 15 јули). Бројот на влезниците во оваа акција е многу ограничен, а сите купувачи, веќе постоечките и идните, своите влезници ќе можат лесно да ги регистрираат од 1 до 28 февруари на сајтот www.exitfest.org . Влезниците за новогодишната акција на „Егзит“ достапни се преку www.mktickets.mk и во Југотон (Скопје, ГТЦ, 1 кат).

Во продажба се и многу ограничен број на туристички пакети за „Егзит“, веќе од 69 евра. Пакетите содржат влезници и сместување во фестивалскиот камп на Дунав, а на сајтот на „Exit Trip“, официјалната туристичка агенција на „Eгзит авантурата“, може да се одбере и друг вид сместување, во хостели или апартмани. Од 20 декември во продажба ќе бидат и многу ограничен број на пакети за фестивалот „Си стар“. По цена од веќе 49 евра посетителите ќе имаат можност да резервираат шест ноќевања во кампот на фестивалот „Си стар“, како и влезница, а во понудата ќе бидат и сместувањата во апартамни во рамки на фестивалскиот комплекс со цена од 9.99 евра по ноќевање за едно лице. Повеќе информации на www.exittrip.org.

Духот на „Летото на љубовта 1967“ го поврзува регионот!

Сите четири фестивали во организација на тимот на „Езгит“, следната година прославуваат 50 години од славното „Лето на љубовта 1967“, кога настана револуционерното хипи движење кое засекогаш го промени светот, борејќи се за мир, слобода на говор, човекови права, односно општествена, расна и полова рамноправност. Како единствен современ музички фестивал кој настана од борбата за општествени промени и чија мисија е поврзување и регионална соработка, „Егзит“ на овој начин сака да ја зачува основната идеја од која настанаа и првите големи музички фестивали, уште кон крајот на шеесетите години на минатиот век, како „Вудсток“, „Монтереј“ и други, како и да ги пренесе пораките на тогашното движење кои на денешниот свет му се потребни повеќе од било кога.



Врати се горе ↑