Аудио 11149500_10152901575539952_1169123368067476194_n

22 април, 2015

По цели 10 години, Тончи ѝ напиша песна на Данијела Мартиновиќ

По повеќе од 10 години, брачната двојка Хуљиќ и пејачката Данијела Мартиновиќ се повторно заедно. Новото музичко освежување на балканската музичка сцена е песната „Дежурај“, која веќе може да се слушне на радио станиците ширум регионот. Новиот звук на познатата пејачка најавува и нова, возбудлива етапа од нејзината кариера, во која освен хит песни, нè очекуваат и бројни други освежувања, пренесуваат хрватските медиуми.

„Песната е сосема различна од сè што се слуша во моментов. Заеничка желба ни беше да создадеме еден сосема нов звук и музички правец. Тоа секако дека не е лесна работа, но е голем креативен предизвик, а Тончи Хуљиќ и неговиот тим завршија одлична работа и едвај чекам да ја споделам со мојата верна публика во целиот регион“, изјавила Мартиновиќ.

Инспирирани од светски познатиот ритам „бачата“ (Bachata), песната „Дежурај“ ја потпишуваат Тончи Хуљиќ (музика) и Вјекослава Хуљиќ (текст), а за аранжманот главниот збор го имаа Тончи и продуцентот Душан Васиќ.  Мартиновиќ деновиве заврши и со снимањето на видео записот, кој ќе биде промовиран наскоро. Приказната во режија на Дарио Радусин е сместена во далечните педесетти и почетокот на шеесеттите години, а инспирирана е од кризниот период во бракот на актерката Грејс Кели и принцот Рение III.

Како звучи новиот хит на Данијела можете да слушнете во продолжение. Уживајте!

Извор: Party.hr

 



Врати се горе ↑