Свет 100970-barbara_streisand_617_409

1 февруари, 2013

По 36 години, Барбра Страјсенд повторно ќе запее на Оскарите

По Адел и Нора Џонс, својот настап на годинешните Оскари го потврди и актерката и пејачка, легендарната Барбра Страјсенд. Ова ќе биде нејзин втор настап на доделувањето на престижните академски награди, по пауза од 36 години, откако тоа го направи во 1977 година, кога доби Оскар за Најдобра оригинална песна за темата „Evergreen“ од филмот „A Star Is Born“.

Годинава таа не е номинирана во ниту една категорија, а нејзината прва статуетка ја доби во 1968 година во категоријата за Најдобра актерка во филмот „Funny Girl“. Таа беше номинирана уште два пати, еднаш за продуцирање на филмот „The Prince of Tides“ од 1991 година, а и за нејзината изведба во „The Way We Were“ од 1973 година.

 

 



Врати се горе ↑