Аудио 10603503_10152831978643086_2681217755242816608_n

27 октомври, 2014

„Пи-ем-џи колектив“ го најавуваат новиот албум со „80ти“

Вокално инструменталниот состав „Пи-ем-џи колектив“ неодамна го објави својот нов сингл најавувајќи го новиот, шести по ред, албум „#ExYou“. Станува збор за темата насловена „80ти“, која воедно е дел и од новото ЕП издание, кое ги содржи и песните „Атмосфера“ и „JFK Live“.

„80ти“ е со музика и текст на Мирко Попов, во продукцијата му помогна Синиша Евтимов, аранжманот го направија „Пи-ем-џи колектив“, а за мастерингот се погрижи Роботек. Како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑