Балкан 10923589_737479396359368_2891513393709261045_n

19 јуни, 2015

Плажата Јаз со „Си Денс“, прогласена за најдобра во Европа

„Лоунли планет“ го објави списокот со дестинации кои морате да ги посетите ова лето

Највлијателниот светски туристички водич, „Лоунли планет“ (Lonely Planet), по посетата на минатогодишното издание на фестивалот „Си Денс“ (Sea Dance), ја прогласи плажата Јаз за најдбра плажа во Европа, сместувајќи ја на прво место од листата на десет најдобри европски плажи кои ова лето задолжително треба да се посетат, позиционирајќи ги Будва и Црна Гора како најдобра туристичка дестинација, пред Португалија, Франција, Италија, Велика Британија, Шпанија, Грција и Литванија.

Ова е уште една потврда дека при изборот на локацијата, за морското издание на „Егзит“ фестивал, добро биравме и наспроти Петроварадинската тврдина, која важи за една од најдобрите концертни локации на светот, го препознавме вистинскиот потенцијал на Јаз, која пружа единствена можност на една локација да се обединат неколку различни фестивалски сегменти – од концертниот простор, кампот и преубавата песочна плажа за одмор и уживање во текот на денот“, изјави Душан Ковачевиќ, директорот на фестивалот „Егзит“.

Во својот прилог, овој реномиран туристички водич, кој годишно го користат над 300 милиони луѓе при изборот на најдобрите дестинации за патување, наведува дека плажата Јаз со фестивалот „Си денс“, актуелниот носител на титулата Најдобар европски фестивал, е најдоброто место за провод на сите оние кои за време на својот престој сакаат да ја почувствуваат магијата на летната авантура. Како што се вели во текстот, покрај Јаз, не постои било кое друго место на кое би требало да се отиде на музички фестивал.

Во описот на плажата стои и дека Јаз е сместен во непосредна близина на Будва, која ја красат магичниот Стар град и тврдината која за време на летото се претвора во театарска сцена под отворено небо во рамки на фестивалот „Град театар“. За сите љубители на адреналинската забава, кои ова лето ќе ја посетат Црна Гора и Јаз, „Лоунли планет“ препорачува дневни излети, меѓу кои е и задолжителниот рафтинг по кањонот на Тара.

Потсетуваме дека „Лоунли планет“, уште минатата година во мајското издание на списанието, го одреди „Си Денс“ фестивалот во Будва на второто место од најдобрите музички случувања во Европа, а по посетата на фестивалот, како и на плажата Јаз, медиумот не го криеше своето воодушевување од убавините на црногорското крајбрежје.

Овој влијателен туристички водич, на овој начин се придружува на списокот од водечки светски медиуми, кои во своите известувања за фестивалот „Си денс“ пишуваат и за преубавиот црногорски брег, како за вистински неоткриен бисер на Јадранот.

„Лоунли Планет“ годишно објавува над 500 публикации на осум светски јазици! Оваа медиумска група ги опфаќа тематските публикации за патувања, ТВ програмите за светските дестинации, исклучително посетуваната веб страна, мобилните апликации, како и месечното списание „Лоунли планет травелер“ (Lonely Planet Traveller) кое се објавува на пет јазици.



Врати се горе ↑