1 јули, 2014

Плажа, море и згодни девојки во новиот видео запис на Саша Ковачевиќ

Миленикот на женската публика, српскиот пејач Саша Ковачевиќ неодамна го објави својот нов видео запис за песната „Ноќ до подне“, во кој друштво му прават дури 17 девојки во бикини кои танцуваат и се забавуваат на морското крајбрежје во Грција. Песната е авторско дело на Ковачевиќ и неговиот брат Раде, кои ги потпишуваат музиката и аранжманот, додека текстот го напиша Душан Бачиќ. Видео записот во режија на Димитрије Јоковиќ Џима и за кој се погрижи продукцијата СК Медија, за само еден ден собра преку 270 000 прегледи на ЈуТјуб, а Вие можете да го погледнете горе.



Врати се горе ↑