Балкан 71809_plavi-orkestare1329159344582_650x460

26 ноември, 2012

Плави Оркестар со нов албум по 13 години

По дискографска пауза од тринаесет години, Плави Оркестар го објави новиот албум „Седам“. Kомплетен автор на новите 11 песни е фронтменот на бендот Саша Лошиќ, а во улога на продуцент се јавува Никша Братош. 

За ова издание бендот соработуваше со повеќе колеги од регионот. На песната „(Р)еволуција“ како гости се јавуваат членовите од бендот Дубиоза колектив. За темата „Би ли пошла са мном“ текстот го направија Лошиќ и Џибони, а „Ти мислиш да је мени лако“ бендот ја сними во дует со фолк-пејачката Драгана Мирковиќ. И на останатите нови композиции „Америка“, „Недодирљива“, „Живот није бајка“, „С твојим именом на уснама“, „Свако од нас носи своју бол“ Лошиќ го потврди својот истенчен вкус за поп-звукот.

Последното издание на Плави Оркестар, кој својата популарност ја стекна уште во времето на поранешна Југославија, се појави на пазарот во 1999 година. Во продолжение преслушајте го насловниот сингл од овој албум „Седам“.

 

 



Врати се горе ↑