Галерија DSC_0207

21 март, 2017

„Плати со поезија“ предизвика уникатни и незаборавни моменти кај илјадници граѓани

Од Виена до Шангај, од Чикаго до Хамбург, од Лондон до Дубаи, од Москва до Истанбул, денес во склоп на кампањата „Плати со поезија“ организирана од Јулиус Мајнл, илјадници љубители на кафето и стиховите, го прославуваат 21 март, Светскиот ден на поезијата. Македонија, на 8 локации во Скопје и 1 во Велес, е дел од овој незаборавен настан кој се одбележува секоја година на глобално ниво – овој пат во дури 36 држави и во над 1.400 кафетерии.

Од Јулиус Мајнл истакнуваат „На 21 март решивме да ја оставиме имагинацијата да нè води. Горди сме што барем на еден ден придонесуваме во креирањето на повод кога валутата е заменета со емоции преточени на парче хартија. Денес, платежното средство низ целиот свет за кафињата и чаевите на Јулиус Мајнл е токму поезијата.“ Многумина беа инспирирани и ја добија улогата на „поет“ со преточување на своите емоции и креативност на лист хартија.

3S3A9306

Трета година по ред, Македонија е дел од овој настан. Секој кој ги посети Нола Бар, Наргиле Кафе, Ревија, Дион, Backyard, Juice Bar, Венето, Баду Бар во Скопје и Чао Кафе во Велес ја имаше можноста да ги открие своите најдлабоки желби, идеи, и надежи преку испишани стихови кои сигурно нема да ги заборават.

Вљубениците во кафето и поезијата се дружеа со реномирани поети и автори кои им помогнаа на заинтересираните да ги овековечат своите емоции на инспиративен и уникатен начин. Најкреативните и неоткриени „поети“ ги очекуваше несекојдневно и пријатно изненадување.

DSC_0236

Овој ден е посветен на оние кои страста и волјата ја изразуваат преку пишаниот збор. Секој стих е неповторлив и со себе ја носи сржта на авторот кој го напишал. Денес од сечиј паричник произлегоа инспиративни стихови. Илјадници луѓе дозволија нивната поезија и креативност да излезе на површина пиејќи го своето омилено кафе.

Светскиот ден на поезијата, со моќта на кафето, дефинитивно успеа, повторно да го отклучи сечие срце, како во Македонија така и низ целиот свет!



Врати се горе ↑