28 мај, 2014

„Пластични кули“ е првиот сингл на „Темпера“

Неодамна претставените нови ексклузивци на „Авалон продукција“, македонската супер група „Темпера“ вчера го објави својот прв сингл насловен „Платични кули“. Автори на новата песна која е снимена во студиото „Тра Ла Ла“ се членовите на „Темпера“ и Горан Трајкоски, а текстот го потпишува Тања Тас, додека продукцијата е на Мите Димовски и Драган Гиновски. Како изгледа и звучи сето тоа можете да слушнете горе.

Песната воедно е и најава за нивниот деби албум насловен „Играј“, чија промоција се очекува наскоро.



Врати се горе ↑