Аудио пт

7 септември, 2017

Пламенка Трајковска ви го честита 8 Септември со „Елено ќерко“

Нашата позната виолинистка Пламенка Трајковска, по повод националниот празник Денот на независноста на Република Македонија – 8 Септември, ја промовира обработката на фолклорната тема „Елено ќерко“. Обработката е во нов ексклузивен кросовер за соло виолина и е во комплетен аранжман на Пламенка Трајковска. Композицијата е снимана во студиото „Подрумот“ и е продуцурана од  Ангел Ќосев.

За композицијата е изработен видео спот со фотографии од фото сесија која од почетокот на септември беше реализирана на ексклузивната локација Свети Пантелејмон. Фото сесијата е креирана од нашата млада фотографка Павлина Поповска.

„’Елено ќерко’ е тема која одамна ја имав намислено да ја обработам. Многу ми е драго што по повод нашиот најголем национален празник ја промовирам пред македонската јавност како ексклузивен празничен музички подарок. Македонскиот фолклор е огромна инспирација за мене и ветувам уште многу фолклорни теми и во иднина“, вели Трајковска.

Виолинистката Пламенка Трајковска е автор на албумот „Апасионато“, синглот „Светулки“, а има обработено и повеке фолклорни теми за соло виолина. Таа е член на Македонската филхармонија и подолго време работи и раководи со музичката организација „Пламенка Трајковска“, мали камерни состави со кои релизира голем број на концерти и настапи во Македонија и странство.

Извор: Вистина.мк



Врати се горе ↑