27 октомври, 2012

Питбул со разголени девојки во новиот спот

Американскиот рапер, продуцент и текстописец Питбул во неговиот најнов видео запис „го живее животот лудо“! За неговиот најнов сингл „Don’t Stop The Party“, раперот сними интересен видео запис каде што е во кревет со речиси голи девојки. Господинот 305 организира забава во лускузна вила во Мајами, а забавата продолжува на јахта со уште повеќе алкохол и многу жени.

Песната која е во сотаботка со TJR е еден од најавните синглови за неговиот седми студиски албум кој треба да излезе на 19ти ноември. На албумот со наслов „Global Warming“ ќе се најдат и соработките со Шакира, Крис Браун, Кристина Агилера,Џенифер Лопез, Ашер и други.



Врати се горе ↑