Аудио pitbull

16 април, 2013

Питбул со „Отворено писмо за Џеј Зи“

Минатата недела, Џеј Зи го претстави своето „Отворено писмо“, упатено кон политичарите во САД, во кое се зборуваше за неговото патување во Куба заедно со сопругата Бијонсе по повод нивната годишнина од бракот. Вчера, раперот Питбул, кој е горд на своето кубанско потекло, претстави свое „Отворено писмо“ како одговор на Џеј Зи. Во песната раперот застанува на страната на Џеј и Бијонсе, а дава и своевидна лекција за историјата на Куба. Тој ги споменува и кубанските политичари и односите помеѓу САД и Куба.

Питбул исто така го споменува и расите, прашувајќи: „Question of the night/Would they have messed with Mr. Carter if he was white?” пред да каже: „Happy fifth-year anniversary, Jay and B, don’t worry it’s on me.” Како звучи „Open Letter To Jay Z Cuba Visit“, можете да слушнете во продолжение.

Извор: Idolator



Врати се горе ↑