Видео p-g

17 октомври, 2014

Питбул „напаѓа“ во ноември

Најавено со мегахитот „Fireball“, Питбул кон крајот на ноември ќе го објави своето осмо студиско издание насловено „Globalization“, на кое ќе се најдат соработки со (секако) Џенифер Лопез, Крис Браун, Џејсон Деруло, Биг Шон и други. Раперот со кубанско потекло деновиве ја претстави и обвивката на претстојното издание(фотографија горе), а за следната недела го најави и новиот сингл „Celebrate“, кој исто така е и насловна тема на новиот анимиран филм „Пингвините од Мадагаскар“.

„Господинот 305“ неодамна претстави и своевиден „Каталог на Викторијас сикрет во живо“, односно видео запис за темата насловена „Como Yo Le Doy“, во која гостува неговиот редовен соработник Дон Мигело. Сè уште не е познато дали оваа песна ќе се најде на новото издание, а како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑