Свет pb

1 ноември, 2014

Питбул најави две реални шоуа

Познатата холивудска продуцентска куќа „Вајнстајн компани (The Weinstein Company)“, позади која стои еден од главните луѓе во индустријата, извршниот директор Харви Вајнстајн, за следната сезона најави две нови реални шоуа, а во центарот на вниманието во двата проекта ќе биде Армандо Кристијан Перез, многу попознат како Питбул.

Првиот од двата серијала доаѓа под името „Pitbull: The Lyfe“, каде што фокусот ќе биде ставен на неговата светска турнеја, работата во студио и „настаните позади сцената“. Меѓутоа, уште повеќе внимание привлече серијалот насловен „The REAL Change Project“, во кој раперот со потекло од Куба ќе следи познати личности како што се Мишел Обама, Тони Бенет, Лејди Гага, Пол Макартни, Коби Брајант и други, додека тие се присетуваат на сите пречки и неволји кои морале да ги надминат за да стигнат таму каде што се сега и зборуваат за своите некогашни ментори и личности кои им помогнале да се снајдат. За овој серијал, кој ќе биде во форма на „talk show“, се најавувуваат и гостувања со музички настапи, а еден од извршните продуценти е и самиот Питбул.

Сето ова ќе биде актуелно од следната година, а во меѓувреме, кон крајот на следниот месец ќе пристигне „Globalization“, новото студиско издание на раперот на кое ќе се најдат соработки со Џенифер Лопез, Џејсон Деруло, Шон Пол, Крис Браун, како и Биби Рекса (Bebe Rexha), односно Блета Реџа, која е родена во САД, но нејзините родители се од нашиот град Дебар. Албумот е најавен со сингловите „Fireball“ и „Celebration“, кој воедно е и насловна тема за претстојниот анимиран филм „Пингвините од Мадагаскар“.

Денеска беше објавен и списокот со песни, кој можете да го погледнете во продолжение.

 1. Ah Leke (со Биби Рекса)
2. Fun
3. Fireball (со Џон Рајан)
4. Time of Our Lives (со Џејсон Деруло)
5. Celebrate
6. Sexy Beaches (со Шон Пол)
7. Day Drinking (со Крис Браун)
8. Drive You Crazy
9. Wild Wild Love (со Џи-ар-ел (G.R.L.))
10. This Is Not A Drill
11. We Are One (Ole Ola) (со Џенифер Лопез и Клаудија Леите)

Извор: deadline. com/mtv.rs/idolator.com

 



Врати се горе ↑