22 октомври, 2014

Питбул и пингвините од Мадагаскар во видео записот за „Celebrate“

Како што Ви пренесовме неодамна, новиот сингл на Питбул е песната насловена „Celebrate“, која воедно е и насловна тема на претстојниот анимиран филм „Пингвините од Мадагаскар“. Токму главните ликови од овој филм се појавуваат и во видео записот за оваа тема, а како се забавуваа тајните агенти Скипер, Ковалски, Рико и Прајват со Питбул можете да погледнете горе.

Раперот со кубанско потекло сè уште е актуелен и со летниот хит „Fireball“, а неговото осмо студиско издание „Globalization“ ќе пристигне во ноември. За 26 ноември е закажана и премиерата на „Пингвините од Мадагаскар“, а трејлерот можете да го погледнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑