21 ноември, 2017

Пинк танцува со Ченинг Тејтум во новото видео за „Beautiful Trauma“

Пинк го претстави официјалното видео за насловната тема од нејзиниот нов албум „Beautiful Trauma“, која ја изведе во живо и на неодамнешното доделување на американските музички награди, и тоа висејќи на хотелот „Мариот“ во Лос Анџелес. Во живописното видео, главните улоги им припаднаа на Пинк и познатиот актер Ченинг Тејтум, кои танцуваат во различни ситуации, отсликувајќи ги традиционалните и не толку традиционални улоги на мажот и жената, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!

 

 



Врати се горе ↑