30 јануари, 2018

Пинк со емотивно видео за „Wild Hearts Can’t Be Broken“

Непосредно после настапот на 60. доделување на музичките награди Греми, Пинк го објави емотивното, црно-бело видео за баладата „Wild Hearts Can’t Be Broken“, со кое пејачката се надева дека ќе ги инспира луѓето да донираат во УНИЦЕФ.

„Како амбасадорка на УНИЦЕФ, горда сум што работам со организација која ги поддржува и зајакнува жените и децата ширум светот“, вели таа во соопштението за јавноста. „Во чест на оваа неверојатна организација, во чест на ова видео за ’Wild Hearts’ и во чест на сите девојки и жени ширум светот кои застануваат во своја одбрана, во име на секоја од вас ќе направам донација во оваа прекрасна организација и ве охрабрувам и вие да го направите истото доколку се почувствувате така“, додава таа, а новото видео, во кое се појавува и нејзината ќерка, ве очекува горе. Уживајте!



Врати се горе ↑