Видео

22 јуни, 2019

Пинк со емотивно видео за „90 Days“

Со секоја од песните на својот нов албум Пинк доловува колку „боли да си човек“ (Hurts 2B Human), опишувајќи проблеми и ситуации со кои се соочува секој од нас. Некои нè прават среќни, а некои болат. Најновото видео за темата „90 Days“ е од оние вторите, односно 39-годишната ѕвезда визуелно го долови чувството на осаменост и болка кога го остава семејството зад себе за да замине на турнеја.

Во него, 39-годишната ѕвезда се појавува со сопругот Кери Харт, со кого е во брак 13 години и со кого ги има ќеркичката Вилоу (8) и синчето Џејмисон Мун (2).

„Кери и јас одиме на брачно советување речиси цело време што сме заедно“, открила пејачката и додала дека токму тоа им го спасило бракот. „Тоа е единствената причина што сме заедно. Тој зборува полски, јас италијански. Не го зборуваме истиот јазик. И двајцата доаѓаме од скршени семејства и немаме пример како да продолжиме да функционираме во овој луд живот. Нема прирачник за тоа, па советувањето ни помага“, раскажала таа.

За „90 Days“, кој воедно и новиот сингл од албумот „Hurts 2B Human“, Пинк ги здружи силите со колегата Рејбл (Wrabel), а како изгледа емотивното видео за оваа песна дознајте во продолжение.

 



Врати се горе ↑