Свет

8 декември, 2017

Пинк снимила дует со Кристина Агилера и го избришала видеото со Еминем

Пинк очигледно била расположена за разговор кога седнала да си помуабети со тимот на британскиот таблоид „Сан“, па меѓу другото открила дека снимила дует со Кристина Агилера, како и дека работела на видео за соработката со Еминем, „Revenge“.

„Снимивме дует за нејзиниот албум и не знам кога ќе излезе, но е навистина одличен“, рекла 38-годишната ѕвезда за новата соработка со својата колешка, додавајќи дека тоа се случило пред две години и дека не се сеќава на насловот. Како што ви пренесовме на почетокот на годинава, новиот албум на Агилера требаше веќе да биде објавен, па се надеваме дека (барем) следната година конечно ќе слушнеме на што работела познатата дива, која со Пинк претходно соработуваше за мегахитот од 2001 година, „Lady Marmelade“.

p caПинк и Агилера, заедно со Маја и Лил Ким, во 2002 година освоија Греми за најдобра поп-вокална соработка

Што се однесува на соработката со Еминем, пејачката открила дека снимила видео, но нема да видиме ништо од тоа. „Беше ужасно“, признала таа и додала дека „едноставно не го бидуваше и беше во погрешно време. Изгледав пеколно, навистина страшно. Фала Богу што Еминем не беше во него. Ако беше во него, ќе бев престрашена“, заклучила таа.

Ако не за оваа, можеби ќе погледнеме видео за соработката што ќе се најде на новиот албум на Еминем, кој ќе излезе на 15 декември, а доколку сè уште не сте ја слушнале нивната „Одмазда“, тоа можете да го направите во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑