Аудио pink-dallas

23 септември, 2014

Пинк оформи дуо и најави заеднички албум со Далас Грин

По шестиот студиски албум „The Truth About Love“, кој го објави во 2012 година, Пинк ја изненади публиката со нејзината одлука да експериментира со музичките жанрови. Имено, 35-годишната пејачка неодамна оформи дуо со канадскиот фолк музичар Далас Грин, со кој под името „You + Me“ на 14 октомври ќе го објават заедничкиот албум насловен „Rose Ave.“ Како прв сингл од ова издание беше претставена песната „You And Me“, а деновиве пристигна и „Break The Cycle“, балада која е посветена на мајката на Пинк.

Како звучи Пинк во фолк варијанта можете да слушнете во продолжение.

 

Прикзаната за новооформеното дуо можете да ја слушнете во продолжение.

 

 

 



Врати се горе ↑