Аудио

29 март, 2019

Пинк објави нова песна и ги откри деталите за новиот албум

Американската ѕвезда Пинк годинава ја започна со добивање своја ѕвезда на Холивудската патека на славните, а во таа пригода го најави и новиот, осми по ред студиски албум „Hurts 2B Human“. Најавниот сингл „Walk Me Home“ премиерно го изведе на британските музички награди, каде што се закити и со признанието за исклучителен придонес кон музиката, а неодамна објавеното видео дополнително го зголеми успехот на топ-листите.

Сега, на помалку од месец дена до објавувањето на новиот албум закажан за 26 април, 39-годишната пејачка реши да нè почести со уште една песна, но и да ги открие сите детали за претстојното издание на кое ќе се најдат вкупно 13 песни, дел од нив отпеани во дует со колеги како што се Калид, Рејбл и Крис Стејплтон. Напишана со помош од колегата Ден Рејнолдс од „Имеџин дрегонс“, новата песна го носи насловот „Hustle“ и стигна во комплет со интересно тектуално видео, па сигурни сме дека сето тоа ќе биде и повеќе од доволно за да ја загрее атмосферата во пресрет на новиот албум.

Како звучи новата песна на Пинк можете да слушнете во продолжение, а списокот со теми од „Hurts 2B Human“ ве очекува подолу.

 

 

Hurts 2B Human

1. Hustle

2. (Hey Why) Miss You Sometime

3. Walk Me Home

4. My Attic

5. 90 Days (со Рејбл)

6. Hurts 2B Human (со Калид)

7. Can We Pretend (со Кеш Кеш)

8. Courage

9. Happy

10. We Could Have It All

11. Love Me Anyway (со Крис Стејплтон)

12. Circle Game

13. The Last Song Of Your Life



Врати се горе ↑