Аудио

24 април, 2019

Пинк ја претстави насловната тема од новиот албум „Hurts 2B Human“

На само два дена до објавувањето на својот осми студиски албум Hurts 2B Human“, Пинк одлучи да ја претстави насловната тема од претстојното издание, во која гостува колегата Калид, a сето тоа е дополнето и со мошне симпатично и анимирано текстуално видео.

Меѓу досега објавените песни се и најавниот сингл „Walk Me Home, „Hustle“ и Can We Pretend во соработка со Кеш Кеш, а допрва ќе ги слушнеме и дуетите со Крис Стејплтон и со Рејбл. „Hurts 2B Human“ ќе содржи вкупно 13 песни и ќе пристигне на 26 април, а како звучи насловната тема дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑