Аудио article_big_1367253355pink_lyric_video_still_1

30 април, 2013

Пинк и Лили Ален пеат за „Вистинската љубов“

По големиот успех кој го постигна со песната „Just Give Me a Reason“, во која гостува Нејт Руес од групата Фан., Пинк реши дека е време за нов сингл од нејзиниот успешен албум „The Truth About Love“, издаден минатата година. Од ова издание сега притигна и четвртиот сингл, а тоа е нумерата „True Love“, во која гостува колешката Лили Ален, односно Лили Роуз Купер.

Новиот сингл е најавен на настанот кој го организираше нејзината издавачка куќа RCA минатата недела во Лондон, а продукцијата и овој пат ја потпишува Грег Крстин. Во продолжение можете да ја преслушате „True Love“ во веќе популарниот формат на текстуален видео запис.

Извор: Idolator

 

 



Врати се горе ↑