Видео yam-p-dg

17 октомври, 2014

Пинк и Далас Грин со акустична изведба на „No Ordinary Love“ од Шаде

Како што Ви пренесовме неодамна, американската пејачка Пинк оформи дуо со канадскиот фолк музичар Далас Грин, со кој под името „Ју енд ми (You + Me)“ на 14 октомври го објави заедничкиот албум „Rose аve.“. Од ова издание веќе имавте можност да ги слушнете темите „You and Me“ и „Break The Cycle“, а малку подоцна беше објавена и песната „Capsized“. Промовирајќи го новиот проект, музичарите деновиве одржаа акустичен концерт во чии рамки изведоа уште неколку песни од албумот, како и преработка на познатиот хит „No Ordinary Love“ од Шаде. Како звучеше сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 

„Love Gone Wrong“

 

„Unbeliever

 

„Open Door“



Врати се горе ↑