Аудио

21 февруари, 2019

Пинк го најави новиот албум со „Walk Me Home“

Американската ѕвезда Пинк го објави новиот сингл „Walk Me Home“, со кој го најавува своето осмо по ред студиско издание насловено „Hurts 2B Human“, што треба да пристигне во април годинава. 39-годишната музичарка, која неодамна си доби и ѕвезда на Холивудската патека на славните, на вчерашното доделување на британските музички награди беше почестена со специјалната награда за исклучителен придонес во музиката.

Новиот сингл премиерно го изведе токму на сцената во лондонската арена „О2“, а веднаш потоа го објави и на својот канал на Јујтуб, заедно со текстуалното видео што ве очекува во продолжение.

 

Како што споменавме, новиот албум ќе биде осми по ред во нејзината дводецениска кариера, а ќе го наследи мошне успешниот „Beautiful Trauma“ (2017), каде што се сместени хитовите „What About Us“, насловната тема, „Whatever You Want“ и „Secrets“.



Врати се горе ↑