Пинк ги покажа одличните танцувачки способности на АМА 2012
Пејачката Пинк на Американските Музички Награди кои се одржаа вчера, имаше доста интересен настап. Имено, таа го отпеа нејзиниот голем хит „Try“, а покрај специјално наместена сценографија, овој настап беше збогатен со извонредното танцување на пејачката во придружба на уште еден танчер. Пинк покажа дека комплицираните акробации воопшто не ѝ пречеа да отпее без грешка, а целата публика уживаше во прекрасната изведба. Погледнете како изгледаше тоа.