Видео

28 јули, 2018

Пинк ги откри своите „Тајни“

Американската ѕвезда Пинк го објави видеото за својот 4. по ред сингл од албумот „Beautiful Trauma“, темата „Secrets“. За разлика од претходните синглови од ова издание, кои беа претежно балади, овој пат станува збор за денс-нумера продуцирана од шведските хитмејкери Макс Мартин и Шелбек, а снимањето на видеото се одвиваше во Нортбриџ во австралискиот град Перт, непосредно по завршувањето на тамошната турнеја што се состоеше од дури 42 концерта.

Уште еден новитет поврзан со поп-дивата е и тоа што в година ќе добие уште едно големо признание за нејзините достигнувања во музичката индустрија – ѕвезда на холивудската патека на славните. Како изгледа и звучи најновото од Пинк дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑