Настани d19344e0-a5f3-4968-9274-1e3dc8aa17c8

27 ноември, 2015

ПИН музичката конференција ја отвори програмата на „ТАКСИРАТ 17“‏

Од 27 ноември, па сѐ до 7 декември во рамките на ТАКСИРАТ програмата ќе се одржат вкупно 9 различни настани

Седумнаесеттото издание на фестивалот „ТАКСИРАТ“ ги отвори вратите за своите посетители со првиот настан од офф-програмата, големата ПИН музичка конференција денес и утре (27-28 ноември) се одржува во МКЦ во Скопје. Во рамките на ПИН конференцијата во Скопје овие два дена гостуваат повеќе од 200 музички експерти и 100 музичари од 22 земји од Европа, кои на публиката ќе ѝ се претстават со повеќе од 40 шоукејс настапи и концерти, 20 панел дискусии, работилници, филмови и секако настапите на финалистите на возобновениот „ЛУЗЕР ФЕСТ“ со кој и ќе биде затворен вториот европски саем на музичките работници!

Само во рамките на музичката „шоукејс“ програма на конференцијата, во МКЦ ќе имаме можност да ги чуеме во живо дел од најквалитетните веќе докажани и нови имиња од музичката сцена кај нас како „Чалгија саунд систем“, „Џун“, „Летечки пекинезери“, „Љубојна брас фантази“, „Проџект 2501“, „Формлес терор“ и други. Покрај македонските изведувачи, „ПИН“ ќе ги пречека и новите музички таленти од повеќе земји од странство, меѓу кои „Албертајн“ од Германија, „Џојкат“ од Италија, „Канџија и голе жене“ од Хрватска, „Лудовик материјал“ од Словенија, „Зрни“ од Чешка, „Панонија олстарс ска оркестар“ од Унгарија и „Илс“ од Словачка. Исклучително атрактивна е и дневната панел-програма на конференцијата, во чии рамки „ТАКСИРАТ“ и „ПИН“ ќе бидат домаќини на голем број музички промотoри, продуценти, менаџери, новинари, културни активисти, претставници на најголемите музички фестивали во Европа, а само мал дел од нив се: GLASTONBURY, EUROSONIC NOORDERSLAG, SZIGET, EXIT, PRZYSTANEK WOODSTOCK, POHODA, MELT!, BERLIN FESTIVAL и тн.

Годинава „ПИН“ конференцијата се одржува како дел од меѓународниот проект кој го предводи ЗКУ „Таксират“, насловен „West is the best”. Проектот е поддржан од  страна на „Вишеград Фонд“ (the International Visegrad Fund), а се реализира под водство на ЗКУ „Таксират“ од Македонија и во партнерство со AAA Production (EXIT; Србија), Dokufest (Косово), Pohoda festival (Словачка), Sziget Festival (Унгарија), Colour meeting (Чешка) и Ethno Port Poznan (Zamek Culture Center; Полска).

По завршувањето на овој викенд, офф-програмата на фестивалот „Таксират“ продолжува со:

  • концертот на „РУНДЕК КАРГО ТРИО на 30 ноември во МКЦ, Скопје;
  • РЕТРО МАТИНЕ на 3 декември во МКЦ, Скопје – забавата наменета за пензионерите кои во рамки на овој несекојдневен настан од 11.00 до 18.00 часот со богата програма ќе имаат ретка прилика заедно со „ТАКСИРАТ“ да покажат дека музиката и забавата не познаваат граници и не прашуваат за возраста. Со разновидна програма, музички настапи, модна ревија и видео проекции РЕТРО МАТИНЕ е еден незаборавен ден и исклучетелно забавен настан со најискусните познавачи на скопските подимуи;
  • Македонската премиера на новиот хит на легендарниот актер Бранко Ѓуриќ – Ѓуро, стенд-ап шоуто „ЃУРОЛОГИЈА на 3 декември во Дом на АРМ;
  • Самостојниот концерт на светската атракција „ТУ ЧЕЛОС“ на 4 декември во арената „Метрополис“;
  • Настанот во знак на одбележување на Светскиот ден на волонтери –Taksirat Volunteers Day на 4 декември во МКЦ, кој вечерта носи специјалната музичка програма „20 ГОДИНИ ТЕ САКАМ во знак на пролсавата на 20 години постоење на „Пи-ем-џи колектив“ и 20 години од првиот настап на групата.

Финалето на „ТАКСИРАТ 17“ нѐ очекува на 7 декември во арената „Метрополис“, со одржувањето на главната вечер на фестивалот! Програмата за оваа вечер е комплетирана и на големата сцена во арената „Метрополис“ ќе имаме чест да ги пречекаме виртуозното хрватско дуо кое го освој светот ТУ ЧЕЛОС, великаните на музичката авангарда „ЛАЈБАХ, шведската power/heavy метал атракција САБАТОН, жестоките каталонци „ЛА ПЕГАТИНА, култниот хип хоп состав С.А.Ф.“ и Тони Китановски со „Литл биг бенд“ и диџеј составот на лондонскиот дабстеп феномен МОДСТЕП“ за затворање на фестивалот.

Оваа вечер, македонската публика за прв пат ќе има можност да ги чуе во живо „Сабатон, „Ла пегатина“ и „Модстеп“, актуелните групи кои ја освоија светската сцена токму со своите извонредни настапи. Култните „Лајбах“ доаѓаат претставувајќи го својот нов студиски албум „Spectre“ кој се појави по пауза од речиси 8 години и токму со концертот на „ТАКСИРАТ“ ја започнуваат големата турнеја за овој албум – „Sound of Music 2016“. Македонските претставници пак, хип хоп легендата „С.А.Ф.“ на „ТАКСИРАТ“ доаѓа во полн состав и за првпат ќе го изведе култниот албум „Сафизам“ во придружба на бенд, и тоа „Литл биг бенд“ на реномирниот џез мајстор ТОНИ КИТАНОВСКИ.

Влезниците за концертот на „Ту челос“ (на 4 декември) и премиерата на „ЃУРОЛОГИЈА“ (3 декември) се веќе целосно распродадени, а за концертот на „РУНДЕК КАРГО ТРИО“ се останати само уште многу мал број влезнициПобрзајте и за влезниците за главната вечер на „ТАКСИРАТ“ бидејќи по распродажбата на промо-билетите, актуелната цена во претпродажба е 699 денари која ќе важи само до 1 декември. Продажбата на билетите за сите настани во рамките на фестивалот „ТАКСИРАТ“ се спроведува преку продажната мрежа на МКтикетс.



Врати се горе ↑