17 јануари, 2014

Пикси Лот го најави новиот албум со „Nasty“

23-годишната британска пејачка Пикси Лот во изминатиов период го подготува нејзиниот трет студиски албум кој ќе го наследи „Young Foolish Happy“ од 2011 година, а како прв сингл деновиве беше претставена темата „Nasty“, која официјално ќе биде издадена на 9-ти март. За претстојното издание кое треба да се појави во текот на годинава, Лот изјавила дека ќе биде инспирирано од музиката на познатата издавачка куќа од Детроит – Мотаун. „Nasty“ можете да го погледнете горе.



Врати се горе ↑