Македонија 11178369_10153280822988270_2235987835621976459_n

3 мај, 2015

Пијанистот Арда Мустафаоглу – промотор на македонската класична музика

На 25 април 2015 година во „Дворецот на културата“ во бугарскиот град Перник, на десетиот меѓународен натпревар на млади интерпретатори на класични музички инструменти, младиот македонски пијанист Арда Мустафаоглу во конкуренција од 105 интерпретатори на класична музика, од кои 50 пијанисти, ја освои публиката и гласовите на жирито.

 

За извонредната изведба на „Токатата“ од македонскиот композитор Властимир Николовски и „Соната“ од Доменико Скарлати, осумчленото жири во состав:
1. Рајчо Динчев Христов – диригент на оркестарот „Орфеј“ од Дворецот на културата во градот Перник (претседател на жири);
2. Емилија Канева – наставник по пијано во Националното музичко училиште „Љубомир Пипков “ од Софија (член на жири);
3. Јулија Ангелова – наставник по виолина во Националното музичко училиште „Љубомир Пипков “ од Софија (член на жири);
4. Ана Иванова Тодорова – наставник по пијано во Националното музичко училиште „Љубомир Пипков “ од Софија (член на жири);
5. Марија Добрева Палиева – наставник по ударни инструменти во Националното музичко училиште „Љубомир Пипков“ од Софија (член на жири);
6. Росен Идеалов – наставник по камерна музика и кларинет во Националната музичка академија „Панче Владигеров“ и во Националното музичко училиште „Љубомир Пипков“ од Софија (член на жири);
7. проф. д-р. Панајот Петров Панајотов – наставник по гитара во Националното музичко училиште „Љубомир Пипков“ (член на жири) и
8. Труфон Великов Трифунов – диригент на духовниот оркестар во Перник (член на жири),
на пијанистот Арда Мустафаоглу едногласно му ја доделија Специјалната награда за најдобар интрпретатор, со што за прв пат на овој престижен натпревар еден македонски пијанист се стекнува со титулата лауреат.

 

На концертот по повод церемонијата на доделување на наградите Арда се престави со „Токатата“ од Властимир Николовки, која предизвика бурен аплауз и овации кај многубројната публика во салонот на Дворецот на културата во бугарскиот град Перник. Натпреварот и церемонијата на доделување на наградите беше во живо пренесувана од бугарската уметничка телевизија LIVE 7 ART TV, а веста за првонаградените е пренесена и на бугарските медиуми: perniktoday.net и bnr.bg.

 

Арда е ученик во шесто одделение во Државниот музичко-балетски училишен центар „Илија Николовски –Луј“ од Скопје во класата на м-р Самира Мустафаоглу. Во неговата кратка но богата пијанистичка кариера има многубројни настапи во Скопје, Куманово и Истанбул и освоени први награди, специјални награди и титула лауреат на државни и меѓународни натпревари во Дојран, Врање, Гевгелија и Скопје.



Врати се горе ↑