Македонија 598530_4321941564653_1927804439_n

11 март, 2013

Пијанистката Емилија Маринова ќе одржи концерт во Рим

Македонската пијанистка од Охрид, Емилија Маринова која е основач на фестивалот „Охрид те сакам“, на 15-ти март ќе одржи концерт во познатата сала Балдини во Рим. Концертот е најавен и во тамошните весници и ќе започне од 20.30 часот.

Во програмата ќе бидат изведени дела од Франц Лист, Астор Пјацола, Димитрије Бужаровски, Петар Илич Чајковски и други познати композитори.

 



Врати се горе ↑