Аудио пијан славеј

18 јули, 2016

„Пијан славеј“ и Гоце Јованоски направија „Штета!“

Бранислав Николов и Гоце Јованоски, кои публиката ги знае како дел од култната битолска група „Фолтин“, имаат нова песна. Николов, кој се крие зад псевдонимот „Пијан славеј“ (како истоимениот албум на „Фолтин“), ја претстави темата насловена „Штета“, која всушност е А страна од двојниот сингл „Штета/Ненадејна убајна“.

Песната е снимена во мај годинава во студиото „Алшар“ во Скопје, на гитара гостува Горан Димитровски, а за снимањето, миксот и мастерингот беше задолжен Ивица Јанкуловски – Штраф. Фотографијата е дело на Михаил Намичев. Каква „Штета“ направија „Пијаниот славеј“ и Гоце Јованоски можете да слушнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑