Настани 8c8cacdef32a0440681cc18acab9743c

18 март, 2015

Пиј кафе и плати со поезија: На 21 март, Денот на поезијата, бидете креативни и уживајте во кафето!

Македонците се познати по тоа што сакаат да уживаат додека пијат кафе. Ова е единствена и уникатна можност, кога наместо сметка за кафе, скопјани ќе добијат лист хартија и пенкало за да напишат поема, со која ќе си го платат пијалокот. На ваков начин ќе се создаде прекрасна синергија на уживање и креативност.

Јулиус Мајнл, за Денот на поезијата, 21 март, ги предизвикува граѓаните да дојдат на една од трите локации низ Скопје, „Дион“ на кеј, „Наргиле“ во Скопска чаршија и „Паладиум“ во Капиштец. Поетите Елена Пренџова, Ксенија Николова, Билјана Стојановска, Ѓоко Здравевски, Наим Иљази Пари и Даниел Карески, на сите присутни ќе им помогнат да ја напишат нивната поема. Единствена можност за секого да се опушти со кафе и да го плати со поема, со сопствени зборови од моменталната инспирација. Во исто време се штедат пари и се разгорува креативноста.

Ако Македонците се познати по кафето, 21 март е денот кога сите ќе можат да ја покажат инспирацијата на дело и да бидат поети на еден ден, а инспирацијата ќе биде токму кафето. Ако за Шекспир љубовта е она што го терало да пишува, тогаш Јулиус Мајнл нека биде двигател на мислите со кои граѓаните ќе го платат своето кафе.

На Денот на поезијата, 21 март, на три локации низ Скопје, Јулиус Меинл за сите посетители ќе овозможи прекрасно и досега невидено уникатно искуство. 85% од Македонците се будат со кафе.  А најдобриот аларм кој инспирира насмевки е мислата и пишаниот збор. Јулиус Мајнл сите заинтересирани ќе ги очекува на една од трите локации во Скопје, со подготвено ароматично кафе и празни листови хартија, кои чекаат да бидат украсени со поеми.

 



Врати се горе ↑