Свет paris hilton dj brazil

31 март, 2015

Петиција и „среден прст“ и за Парис Хилтон

Преку 100.000 потписи собра петицијата за Канје Вест да не настапи на британскиот фестивал „Гластонбери“, а слична е ситуацијата и со посетителите на американскиот фестивал „Самерфест“, кои не сакаат да ја видат (и слушнат) Парис Хилтон. Познатата наследничка се најде на листата со диџеи кои ќе настапат на манифестацијата во Милвоки, САД, каде што се најавени и настапите на „Флејминг липс“, „Сантиголд“, „Паблик енеми“ и „Џејнс адикшн“.

Оваа петиција во моментов има прибилжно 7.000 потписи, а во текстот се вели:

„Ова е среден прст вперен во секој кој платил влезница за овој фестивал. Тврдите дека сте еден од првокласните американски фестивали, а потоа ангажирате некого како Парис Хилтон. Таа е срам за денс музиката и совршен пример за она што го прават разгалените ѕвезди кога им е досадно. Таа нема право да добие пари за да стои на сцена и да си аплаудира. Тие пари треба да се искористат и да се доведат диџеи со кредибилитет, кои всушност работат на усовршувањето на своите вештини.“

Француската радио станица за млади, „Ен-ер-жи“ (NRJ) минатата година ја прогласи Хилтон за „Најдобар женски диџеј на годината“, а година дена порано, истата станица ја прогласи и за „Најдобар нов диџеј“. Хилтон тогаш објавила фотографија на својот профил на Фејсбук, велејќи: „Почестена сум и горда што ја освои титулата ’Женски диџеј на годината’!“

Парис, која изјави и дека спаѓа во „најдобрите 5 диџеи на светот“, открила дека заработува и до милион долари по настап. Таа претходно се обиде да започне и поп кариера, објавувајќи и албум во 2006 година, а започна да настапува како диџеј во 2012 година, со не баш успешниот настап на „Поп мјузик фестивал“ во Сао Паоло, Бразил. Нејзиниот настап наводно се состоел од танцување на сцена, а како изгледа Парис Хилтон во акција, можете да погледнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑