Видео

25 мај, 2019

Петар Маркоски го препеа новиот хит на Ед Ширан и Џастин Бибер

Најновата соработка на Ед Ширан и Џастин Бибер веднаш наиде на позитивни реакции од слушателите во целиот свет, а доказ за тоа се и високите места на топ-листите, како и милионските преслушувања на онлајн-платформите. Насловена едноставно „I Don’t Care“, песната им се допадна и на бројни музичари, чии преработки речиси секојдневно се појавуваат на Јутјуб, а еден од нив е и нашиот Петар Маркоски.

Освен што знае да нè почести и со по некоја авторска песна, охридскиот музичар најактивен е токму со преработите на светските хитови, дел од нив отпеани, а дел отсвирени на виолина. Последното што го слушнавме од него беше минатогодишниот летен хит „Una Signora“, па додека очекуваме уште нешто авторско од овој охриѓанец, во продолжение уживајте со неговата изведба на „I Don’t Care“!

 

Маркоски ќе настапи и на претстојниот хуманитарен концерт за Сара, кој ќе се одржи на 2 јуни во „Куба либре“ во Охрид.



Врати се горе ↑