14 јули, 2015

Петар Малинов е „Мамурен“

Талентираниот музичар од Кочани, Петар Малинов неодамна ја претстави својата нова песна насловена „Мамурен“, за која сними и интересен видео запис. Како автори на музиката се потпишуваат Мартин Стојановски и Дарко Стојанов, текстот е дело на самиот Петар и Кирил Стојменов, а аранжманот, миксот и мастерингот ги направи Јордан Манов, кој се погрижи и за видео записот.

Покрај музичарот и статистите Ана Танчевска, Александар Врзалски (воедно и асистент на камера), Ненад Томев, Драган Теодосиев и Стојанчо Јакимов, во екранизацијата за новата песна се појавуваат и членовите на навивачката група „Сејмени“ од Кочани, а како изгледа и звучи Петар Малинов кога е „Мамурен“, можете да погледнете горе. Уживајте!

Инаку, Петар и е вокалист на групата „Криптон“, со која настапува во бројни кафулиња и градови ширум Македонија, а за нивните активности можете да се информирате на нивната фан страница на Фејсбук.

И.Ј.



Врати се горе ↑