14 декември, 2017

Петар Грашо ја заокружи годината со нов сингл и видео за „Ако те питају“

После големиот роденденски концерт по повод 20 години кариера, популарниот хрватски пејач Петар Грашо одлучи да ја заокружи годината со нов сингл и видео со наслов „Ако те питају“.

„Ова е една од оние песни на кои се наежив првиот пат кога ја слушнав и тоа отсекогаш ми бил првиот импулс дека нешто е добро. Мојата публика ми приреди прекрасни моменти на сите мои концерти во текот на годината и навистина сум среќен што во ова празнично време на подароци можам да им се заблагодарам со оваа песна. Што се однесува на видеото, мојата идеја беше да се отслика топла љубовна приказна, а завршниот стих на песната за мене е поентата на животот – ни треба малку, ни треба само да знаеме да се сакаме“, изјавил Грашо за својата нова песна.

Стиховите на песната се дело на Вјекослава Хуљиќ, а музиката е на Тончи Хуљиќ. Видеото, пак, го работеше екипата на продукцијата „Пилот“, под режисерската палка на Војан Коцеиќ, а се снимаше на локации покрај прекрасното езеро Перуќa. Топлата љубовна приказна ја „раскажуваат“ двајца млади актери, Џана Кузманиќ и Давор Павиќ, а како изгледа и звучи „Ако те питају“ можете да видите и слушнете горе. Уживајте!

Извор: Јутарњи.хр



Врати се горе ↑