1 мај, 2013

Пет Шоп Бојс го најавија новиот албум со видео запис

Британското дуо Пет Шоп Бојс деновиве ја претставија првата песна и видео запис со кој го најавуваат нивниот дванаесетти по ред студиски албум насловен „Electric“, кој ќе пристигне на 15-ти јули. Нумерата „Axis“ е продуцирана од Џорџо Мородер (добитник на Греми и Оскар награди за хитовите на Дона Самер, Блонди и Дејвид Боуви, а неодамна соработуваше и со Дафт Панк), а новиот албум ќе биде прво издание објавено под сопствената етикета на дуото, откако неодамна го раскинаа договорот со долгогодишните соработници Parlophone.

Од деветте песни кои ќе се најдат на новото издание ќе има осум оригинални и една преработка на песна од Брус Спрингстин„Last To Die“ од 2007 година, а во нумерата „Thursday“ им гостува раперот Егземпл (Example). Во прилог погледнете го видео записот за „Axis“, а во продолжение погледнете го целиот список на песни кои ќе се најдат на „Electric“, како и обвивката на самиот албум.

1. Axis

2. Bolshy

3. Love Is a Bourgeois Construct

4. Fluorescent

5. Inside a Dream

6. The Last to Die *(Bruce Springsteen)

7. Shouting in the Evening

8. Thursday

9. Vocal


Извор: Idolator/Wikipedia



Врати се горе ↑