Македонија

6 декември, 2016

Пет години без Гоце Арнаудов: Кристина Арнаудова со емотивен пост се потсети на татка си!

Денес, 6 декември, 2016 година се навршуваат пет години од заминувањето на македонската музичка ѕвезда, фолк легендата Гоце АрнаудовПејачот остана запаметен по дузината испеани хитови, моќниот продорен глас, екстравагандниот стил на облекување и однесување на сцената.

%d0%b3%d0%be%d1%86%d0%b5_%d0%b0%d1%80%d0%bd%d0%b0%d1%83%d0%b4%d0%be%d0%b2

Неговото богато музичко знаење и наследство остана да го пренесе на идните поколенија неговата ќерка, позната македонска поп-рок пејачка Кристина Арнаудовакоја со емотивен пост се потсети себе си, но и целата македонска јавност на 5-годишнината од заминувањето на нејзиниот биолошки татко, и еден од најголемите музички ѕвезди во суверена и самостојна Македонија, македонската фолк легенда Гоце Арнаудов.

Еве што постираше пејачката на социјалните мрежи:

screenshot_43

„5 години без тебе… Нема да бидеш заборавен. Не познавав никого со толкава љубов и страст за музиката. Како да живееше само за мигот кога микрофонот ќе го земеше во рака. Никој повеќе нема вака да пее… И тоа вечно ќе ни недостасува… Вечна слава.“



Врати се горе ↑