Свет image

11 ноември, 2012

Песните на Френк Оушн во Госип Грл

Пет песни од деби албумот на Френк Оушн, „Channel Orange“ ќе се слушнат во следната епизода од популарната ТВ серија Озборувачкa (Gossip Girl), која во моментов е во последната сезона на емитување, а епизодата со наслов „Monsterous Ball“ ќе се емитува на 12-ти ноември, каде што ќе се слушнат следните нумери: Sweet Life“, „Thinkin Bout You“, „Lost“, „Pyramids“ и Super Rich Kids“,  која по својата атмосфера одговара на приказните за разгалените богати њујоршки млади луѓе кои се главна тема на оваа серија.

Ова е прв пат за Оушн да дозволи неговата музика да се користи на телевизија, а авторите на серијата се согласија во епизодата да се слушне музиката од само еден автор.

Инаку, во една епизода од оваа серија премиерно беше изведен големиот хит „Bad Romance“ на Лејди Гага, каде што таа самата ја изедуваше песната на една од забавите кои ги организираа главните ликови.

Во продолжение погледнете го видео записот за нумерата Pyramids“.

 



Врати се горе ↑