Свет Bob_Marley_1

28 октомври, 2012

Песните на Боб Марли најефективни за учење англиски јазик

Текстовите на песните од реге музичарот Боб Марли се прогласени за најкорисни кога станува збор за изучување на англискиот јазик. Пејачот од Јамајка го зазеде првото место во анкетата „Чии песни најмногу Ви помагаат да научите англиски?“ која ја спроведе ланецот меѓународни колеџи Каплан.

Позади Марли се најдоа Мајкл Џексон, Мадона, Џастин Бибер и Лејди Гага. „Каплан“ праша стотина од неговите поранешни и сегашни студенти дали слишањето музика на англиски јазик им помага при учењето на истиот, при што 80% одговорија потврдно, а 14% од нив истакнале дека песните на Марли се посебно драгоцени.

Кога ги дозна овие информации, ќерката на Боб, Седела изјави: „Легендарната музика на нашиот татко допре до многу луѓе. Возбудливо е сознанието дека зборовите од неговите песни можат да го подобрат разбирањето на англискиот јазик кај странските студенти.“



Врати се горе ↑