Аудио

13 ноември, 2017

„Песнички за деца и возрасни“ е новиот албум на „Дубиоза колектив“

Поминаа четири години од последното дискографско издание на „Дубиоза колектив“, а песните од албумот „Апсурдистан“ го обиколија целиот регион и речиси пет години се неизоставен дел од нашето секојдневие. Таму каде што застана „Апсурдистан“, продолжува новиот албум насловен „Песнички за деца и возрасни“, кој ни носи девет песни.

Веќе ни стана јасно со првите две песни, Химна генерације и „Треба ми зрака“, дека се подготвува нешто интересно. Двете песни ги освоија слушателите, додека на каналот на Јутјуб имаат остварено милиони прегледувања. Со новите седум песни кои може да ги чуете во продолжение на текстот се заокружува приказната која Дубиоза сака да ни ја раскаже.

 

„Песнички за деца и возрасни“ е задолжителна лектира која секој мора да ја „прочита“.

„Албумот го снимивме со леснотија, за само четири дена, бидејќи сите песни ги украдовме од Јутјуб. Сега едвај ги чекаме реакциите на публиката, а со уште поголем страв и нетрпеливост чекаме да видиме дали ќе нè разоткријат од здружението за заштита на авторски права. Во албумот ни свират интересни гости со кои, се надеваме, бевме добри домаќини“, коментираше бендот во свој стил.

Дубиоза на овој албум го угости босанскиот бенд „Хелем нејсе“ но песната, „Пионирска“, додека во песната „Аутопилот“ им се придружија Дино Шаран и „Деф бенд длан“, а веќе промовираниот сингл „Треба ми зрака“ ја донесе песната која Дино Дворник ја започнал, а Дубиоза ја завршија 15 години подоцна.

b96b2329-a3e0-4b71-8229-545c7b15a20e

Обвивката на албумот ја илустрираше легендарниот Добросав Боб Живковиќ, чии цртежи прикажуваат симпатични животни кои се претвораат во траги-комичните ликови на јунаците од песните на „Дубиоза колектив“. Освен во стандарден формат, дискот ќе биде објавен и како сликовница за деца и возрасни.

Новиот албум излегува како издание на „Менарт“, а исто така е достапен и за бесплатно преземање на dubioza.org



Врати се горе ↑